Чарлс Мартин до Вајт: Престани да се криеш зад Еди Херн

Чарлс Мартин, поранешен шампион во тешка категорија на ИБФ, уште еднаш го предизвика Дилиен Вајт за меч во САД.

Пред неколку дена, Дилиен Вајт во едно интервју изјави дека „Принц“ (прекарот на американскиот боксер) Чарлс Мартин ќе биде нокаутиран дури и од вистинскиот принц Чарлс, што дополнително го разбесни Мартин.

„Момче, зборувајќи вешто ја забрка целата каша. Ти не си наградата, Фјури е наградата. Џошуа е наградата. Ќе дојдеш овде, сè до Америка, да се бориш за живот, а не за мене“, изјави Мартин за Скај спорт.

Потсетуваме, Вајт ќе се врати во рингот во август во САД, се очекува противник да биде некој меѓу Тревор Брајан (21-0) и Џермејн Френклин (20-0).

„Зошто не ме оставаш да те сретнам тука со нокаут. Знаеш за што зборувам. Јас сум на сите рангирања, брат, па со кој друг ќе се бориш? Ако навистина сакаш да ги убедиш луѓето дека ми е удобно, тогаш зошто не дојдеш овде и да ми ги земеш лесните пари? Затоа што знаеш дека не можеш да го направиш тоа. Престани да се криеш зад Еди Херн“, заклучи Американецот.

Чарлс Мартин има биланс од 28 победи (25 со нокаут), 1 нерешена и 2 порази. Тој беше поразен од Ентони Џошуа во судир за светската титула на ИБФ. 35-годишниот Американец загуби и од Адам Ковнацки. Во неговиот последен меќ Мартин го нокаутира Џералд Вашингтон.

Дилиен Вајт, пак, успеа да го надополни поразот од првиот меч со Александар Поветкин. Потсетуваме дека „Крадецот на трупови“ го нокаутира рускиот боксер во четвртата рунда во Гибралтар на 27 март. Вајт е рангиран на 5-то место на рангирањето на авторитетната страница – boxrec.com во тешка категорија. Британецот има вкупно биланс од 28 победи (19 со нокаут) и 2 порази (од Ентони Џошуа и Александар Поветкин) во професионалната боксерска кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON