ММА легендата Чак Лидел е уапсен за семејно насилство и е во притвор во Лос Анџелес. 51-годишниот ветеран, поранешен шампион на УФЦ и член на Куќата на славните имал расправија со сопругата. Двајцата се скарале и работите ескалирале до физичка пресметка.
Полицијата пристигнала на лице место и тврди дека сопругата на Лидел одбила медицинска помош. Гаранцијата на легендарниот борец е 20.000 долари. Ајцеман е еден од најголемите ММА борци во историјата. Тој во кариерата забележа 21 победа и 9 порази.
Лидел победи на 14 со завршница, а седум пати загуби со нокаут. Чак се врати во кафезот по 8 години надвор од ММА во 2018 година. За жал, загуби со нокаут од Тито Ортиз и врза серија од 4 последователни порази.
Се уште нема многу информации за семејното насилство. Неодамна, Џон Џонс и Луис Пења исто така бе ауапсени за семејно насилство, а фановите на социјалните мрежи ги уништија со потсмев и мемиња.