Чад Мендез за Конор: Ќе плаче за мајка му!

chad-mendes

Борецот во перо категорија, Чад Мендез, вчера дозна дека ќе биде противник на Конор Мек Грегор на 11 јули во меч за титулата на УФЦ 189.

 Мендез ќе тренира две недели за оваа средба и вели дека ќе биде подготвен за победа.

 „Имам две недели, за да влезам во најдобрата форма. Живеам здраво, па ја одржувам форма речиси во текот на целата година, а со вежбање почнав уште кога ме известија. Во моментов се чувам од повреди и ја намалувам тежината. Ќе го видите вистинскиот Чад Мендез на 11 јули, кој ќе го исшутира задникот на противникот.

До победата може да дојдам на три начини. Или ќе го нокаутирам, бидејќи тој многу ги спушта рацете. Можам да го спуштам и да го заклучам, а тој да се предаде. Или ќе го соборам на грб и тој ќе плаче за својата мајка во сите пет митнуни во петте рунди, бидејќи ќе го бомбардирани со удари. Добар сум во трите нешта“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО