Бучеча: Луѓето веќе треба да ме почитуваат како ММА борец

Долгогодишниот хегемон во тешка категорија во бразилското џиу-џицу, Маркус „Бучеча“ Алмеида, верува дека докажал дека е и опасен ММА борец. Бразилецот ја имаше првата професионална борба минатата година и веќе има четири победи во четири борби. Во последното издание на азиската ОНЕ ФЦ, „Бучеча“ во првата рунда го заврши Кирил Гришенко со заклучување на ногата. Борбата се случи во Сингапур, а беше емитувана на Амазон прајм.

„Веќе се борев со најтешките противници во дивизијата. Ја завршив мојата работа и мислам дека луѓето треба да почнат да ме почитуваат и како ММА борец, а не само како граплер. Се испостави дека можам да удрам со тупаници и нозе. Докажувам дека ќе бидам тука уште долго“, изјави 13-кратниот светски шампион во БЏЏ по борбата со Гришенко.

32-годишниот Бразилец има четири завфршници во четири борби. Сите четири негови натпревари завршија во првата рунда.

Во моментов шампион во дивизијата на Бучеча е Русинот Анатоли Малихин. Има десет победи во десет професионални мечеви. До денес, секоја негова борба е завршена пред последниот удар во гонгот. Малихин има седум победи со КО/ТКО и три со принуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО