Брутален тренинг на Тајсон Фјури, татко му Џон жестоко го удира (ВИДЕО)

Британскиот боксер Тајсон Фјури минатиот месец ја одбрани титулата во тешка категорија. „Џипси кинг“ со нокаут во 11. рунда го победи Американецот Дионтеј Вајлдер во одличен меч одржан на шоуто во Лас Вегас и со тоа триумфално ја заврши трилогијата.

Но, Фјури нема многу време за одмор, бидејќи веќе го чека нов противник во март или април, иако се уште не знае кој би можел да биде.

Неговата најголема желба е Александр Усик, барем така тврди промоторот Боб Арум, но тешко дека Ентони Џошуа ќе се откаже од борбата во која ќе се обиде да ги врати титулите на ИБФ, ВБА и ВБО.

Така, првиот кандидат за борба против Фјури е сопственикот на привремениот ВБЦ појас Дилиен Вајт.

А дека Џипси Кинг жестоко се подготвува да ја одбрани титулата потврдува и видеото кое деновиве го објави на социјалните мрежи. Тајсон тренира со својот татко Џон Фјури.

И додека Тајсон лежи на подот, неговиот татко силно го удира со медицинска топка. Секогаш кога ќе добие удар, шампионот бара тоа да биде уште посилно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО