Брус Вилис ќе го глуми легендарниот тренер на боксот Д’Амато во филмот „Конермен“. Писателот и режисер на биографската драма ќе биде популарниот британски актер Руперт Фред („Младата Викторија“, „Сталинска смрт“), кој ќе биде меѓу продуцентите на идниот хит. Проектот ќе и биде претставен на дистрибутерите на Канскиот филмски фестивал,а прикажувањата ќе започнат на есен.
Родениот во Бронкс Д’Амато тренираше големи ѕвезди на рингот, како Флојд Петерсон, Хозе Торес и Мајк Тајсон. Познат е и по стилот „пик-а-бу“, при што рацете на боксер се пред неговото лице. На почетокот на кариерата тој се натпреваруваше како аматер во лесна категорија, но беше во затегнати односи со боксерската федерација и никогаш не доби професионална лиценца.
https://www.facebook.com/boxingscenenews/posts/10155603751352406
Акцијата во филмот ќе се развие во 80-тите години во Катскилс, каде што пензионираниот Д’Амато управува со мала сала, каде што тренираат млади кандидати за рингот. Сепак, сопственикот на салата постојано го турка да најде вистински спортист кој може да го подготви само како што тој знае.
Еден ден во салата велгол стар пријател на тренерот заедно со 13-годишниот Тајсон. Веднаш оценувајќи го потенцијалот на детето, Д’Амато се зазема да го тренира и да го претвори во најмлад светски шампион во тешка категорија.
Продукцијата веќе бара млад актер кој ќе може успешно да го преслика ликот на страшилиштето во рингот Тајсон.
https://youtu.be/Wz789K9n4UI
https://youtu.be/bJD09c046n8
.
.