Бронзениот бомбардер го најави своето скорешно враќање во рингот

Дионтеј Вајлдер ги загуби последните два меча, двата пати против Тајсон Фјури. Американскиот боксер го победи Луис Ортиз во ноември 2019 година, но три месеци подоцна остана без појасот на ВБЦ во тешка категорија кога загуби од Џипси Кинг со прекин во седмата рунда.

Појасот не си го врати на реваншот во октомври минатата година. Вајлдер загуби од Фјури со нокаут во 11. рунда.

Со таа борба заврши нивната трилогија, првиот дуел меѓу Бронзениот бомбардер и Џипси Кинг заврши нерешено, во декември 2018 година.

Дионтеј Вајлдер се повлече по последниот пораз и не даваше многу изјави.

Бронзениот бомбаш неодамна во Алабама за време на откривањето на својот споменик изјави дека ја продолжува кариерата.

„Не можам сега да застанам и да ја завршам кариерата. Научив дека боксот е исполнет со возбуда, особено кога станува збор за американски шампион. Кога веќе не е така, тогаш боксот ќе умре“, изјави Деонтеј Вајлдер и додаде:

„Многу луѓе мислат така. Ништо не е повозбудливо од тоа што Американец е светски шампион во бокс во тешка категорија. И кога ќе се случи тоа, тогаш сите можеме да заработиме добри пари“.

Бронзениот бомбардер пет години го поседуваше шампионскиот појас на ВБЦ. Ако Фјури навистина се пензионира, тогаш Вајлдер би можел да добие шанса повторно да ја освои таа титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deontay Wilder (@bronzebomber)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО