АктуелноЏудо

Бронзен медал за Емилија Паскоска на Европскиот џудо куп за пионери во Гиор

Бронзен медал за Емилија Паскоска (-44 кг) на Европскиот џудо куп за пионери во Гиор, Унгарија.

На Европскиот џудо куп за пионери учествуваа вкупно 273 млади џудисти од 19 држави.

„Нашата претставничка Емилија Паскоска блесна во елитната конкуренција, освојувајќи бронзен медал со една пораз и две импресивни победи. Во решавачката борба за одличје, таа ја совлада противничката од Хрватска со убедлив ипон, по маестрално изведена техника на фрлање томое-наге“, велат од ЏК Миоки и додаваат:

„Овој резултат претставува значаен успех за Емилија и мотив повеќе за идните натпревари на меѓународната сцена. Да потсетиме, во април нашата репрезентативка го освои првиот медал, исто така бронзен, на Европски куп за пионери кој се одржа во Сараево.
Ова е значаен успех за клубот но и за Џудо федерацијата на Македонија“.

Фото: ЕЏУ и Игрос Паскоски

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON