Бронза за Бојан Костов на Европското карате првенство во Будимпешта

Бојан Костов во категоријата до 55 килограми го освои бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениор (У-21) во Будимпешта, Унгаријаво јуниорска конкуренција.

Костов во Будимпешта ја продолжи серијата на одлични резултати, откако претходно го освои сребрениот медал на ЕП во кадетска конкуренција и бронзен медал на СП во Чиле.

Костов во јуниорска конкуренција, оствари три победи на стартот, по што потоа беше поразен од Султан Хусеинов од Азербејџан, кој пак на крајот стана и европски шампион. Младиот каратист во репасажот оствари две победи, прво над Шпанецот Виктор Куерва Мора, а потоа и каратистот од Бугарија, Денислав Стојанов, со што дојде до бронзениот медал.

Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција, во категоријата до 76 килограми го освои петтото место, додека кај јуниорките, Магдалена Божиновска беше седма.

Стефан Стојановиќ во мечот за бронза Стојановиќ загуби од Италијанецот Матео Фиоре.

Резултати

-55 кг

Бојан Костов – Шимон Шпранцел (Полска) 1-0

Бојан Костов – Горгос Малатхурас (Кипар) 1-0

Бојан Костов – Рајан Мезијан (Франција) 4-1

Бојан Костов – Султан Хусеинов (Азербејџан) 0-1

Репасаж

Бојан Костов – Виктор Куерва Мора (Шпанија) 2-1

За бронза

Бојан Костов – Денислав Стојанов (Бугарија) 0-0

-76 кг

Стефан Стојановиќ – Адам Шрајбер (Унгарија) 1-0

Стефан Стојановиќ – Михајло Улиантицки (Украина) 0-0

Стефан Стојановиќ – Емилс Јанаускс (Латвија) 1-0

Полуфинале

Стефан Стојановиќ – Фарид Агајев (Азербејџан) 1-4

За бронза

Стефан Стојановиќ – Марио Фиоре (Италија) 0-5

-61 кг

Ѓорги Петров – Гино Филипен (Нидерланд) 1-0

Ѓорги Петров – Александру Ангел (Романија) 0-1

-68 кг

Марио Свинарски – Матијас Брунер (Швајцарија) 10-2

Марио Свинарски – Дино Шимунец (Хрватска) 1-0

Марио Свинарски – Криштоф Шефчик (Полска) 3-4

+76 кг

Бериз Куртановиќ – Гироги Зениашвили (Грузија) 4-0

 Бериз Куртановиќ – Мелос Гаши (Косово) 3-2

Бериз Куртановиќ – Раби Хулич (Франција) 1-2

-59 кг

Магдалена Божиновска – Ајла Рзазаде (Азербејџан) 1-6

Репасаж

Магдалена Божиновска – Зоја Зимниковалова (Словачка) 6-3

Магдалена Божиновска – Магдалена Годлевска (Полска) 2-3

+59 кг

Мартина Шахинова – Ингеберг Педерсен (Норвешка) 1-3

-48 кг

Марија Петровска – Констанца Матош (Португалија) 0-3

-53 кг

Марија Милева – Аријане Гонзалес (Кипар) 1-3

Кадетско-јуниорскиот ката тим жени е 11-ти

Кадетско-јуниорскиот ката тим е 9-ти

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО