Адриен Бронер вниманието за борбата со Мани Пакијао се обиде да ги сврти на расистичките шеги и тоа некои на сметка на својата расна група.
За време на прес-конференцијата за борбата на 19 јануари во Лас Вегас „Проблемот“ изјави: „Поголеми му се шансите да стане инструктор по возење отколку да ме победи“. Користејќи го стереотипот дека Азијците се лоши возачи.
„Мани Пакијао е Азиец, но ако го погледнете неговиот живот … Пие Хенеси, рекламира Хенеси. Пакијао ги потроши сите пари, ги заеба со даноците. Ако ме прашате мене тој е црн боксер“.
„Англискиот на Пакијао не е баш добар. Тој само се смее и изговара збор по збор, ја морам да ја продадам оваа борба“.
Пакијао продолжи да се смее и изгледаше како да го забавува она што го зборуваше 29-годишниот Американец.
„Тој е добар боксер, шампион, млад и брз … брз на јазикот“, рече 10 годишни постариот Филипинец.
„Пак Мен“(60-7-2, 39 КО) ќе против Бронер (33-3-1-1НЦ, 14 КО) за прв пат ќе ја брани „регуларната“ ВБА титула во велтер категорија која во јули ја освои со нокаут против Лукас Матис.
.