Брок Леснар сака да се бори со Џон Џонс во УФЦ

Џон Џонс на Фејсбук изјави дека би сакал да се бори со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и кечер Брок Леснар, но, сепак, не мисли дека тој би се согласил на таква битка.

Размисли пак!

Кога се сврте кон Асошиетед прес, Леснар изјави дека апсолутно е подготвен да се соочи со Џон Џонс во кафезот – или некаде на друго место.

„Ќе се борам ли со Џон Џонс? Во секое време и секаде. Токму сега тој мора да се грижи за Ди Си во сабота навечер“, изјави Леснар.

Со оваа изјава Леснра исто така посочи дека има намера да се врати во спортот во кој ја освои титулата на УФЦ, и тоа само во четвртата професионална битка.

Леснар моментов има договор со ВВЕ, па секоја супер борба најверојатно ќе мора да почека до завршувањето на договорот следната година.

Последен пат се натпреваруваше на УФЦ 200 минатата година, победувајќи го Марк Хант, но средбата подоцна беше поништена поради позитивниот допинг тест на Леснар. Тој беше суспендиран една година поради овој инцидент. Марк Хант последователно се суди со УФЦ за овој случај, кој се уште е во тек. Џон Џонс исто така не успеа да го помине допинг тестот пред УФЦ 200, падна на присиуство на дрога. Потоа се вадеше дека користел обвини апчиња кои ги користел за интимни побуди, но доби казна од една година. Џонс уште е лут, затоа што Даниел Кормиер го нарекува стероиден злоупотребувач.

Леснар во моментов има 40 години. Неодамна се слушнаа гласини дека Леснар повторно е на листата за тестирање на УСАДА, што може да значи дека се подготвува за враќање во УФЦ. Од друга страна, пак, Леснар може само да си игра играчки со приказни за враќањето, за да ја зајакне позицијата во преговорите со ВВЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО