Кловнот Шенон Бригс најави привремено примирје со светскиот шампион Владимир Кличко. Скандалозниот американски боксер записот го направи во фома на специјално видео-соопштение до Украинецот, во кое најави дека нема да го малтретира за време на божиќните и новогодишните празници. Освен тоа, Бригс на Кличко му чститаше за раѓањето на неговото прво дете.
„Го почитувам семејството и ќе те оставам на мира за празниците. Потоа, сепак, пак ќе те бркам до дупката“, отсечно порача ветеранот, кој се обидува да го привлече вниманието на Кличко и на неговиот промотор.
Кличко и повеќето негови фанови не го сфаќаат сериозно Бригс, иако неодамна Кличко изјави дека цеосно не ја исклучува можноста еден ден да се соочи со него.
Интересно е што Бригс последното видео-соопштение го направи од шатор.
„Спиев во Сибир минатата ноќ! Среде шумата“!- прецизираше Бригс на „ Инстаграм“.