Брет Роџерс обвинет за сексусални напади на тројца мажи

Bret Rodzers

Брет Роџерс овој месец е обвинет од страна по два основи за сексуални престапи и еден за повреда на приватноста на тројца мажи.

35-годишниот тешкаш наводно е бездомник.

Обвинет е дека во лифтот на книжарницата во во Сент Пол го допирал вработениот. Наводно, човекот ја отстранил раката на Роџерс и го  прашал што прави. Борецот ништо не одговорил, туку само излегол од лифтот штом се отворила варата.

Потоа, на 4 јануари прашал маж покрај писоар до него дали сака сексулане однос со него во еден од тоалетите. Кога го одбил, Роџерс го зграпчил за задникот. Човекот веднаш почнал да бега и го пријавил случајот во полиција. Камерите за надзор го снимиле Роџерс и тој човек на влегување и излегување од тоалетите.

Третиот инцидент се случил во притвор во Ремзи Кунти, откако бил приведен за претходни прекршоци.

Роџерс во ќелијата допирал друг притвореник додека спиел, велат судските документи. Жртвата одлучила веднаш да не ги повика чуварите од страв од Роџерс за кого рекол дека е најсилен и најголем човек во затворот и дека се исплашил дека може да го повреди пред да дојде помошта. Го пријавил за инцидентот веднаш штом излегол од ќелијата. На испитувањето Роџерс рекол дека човекот кој го обвинил лаже.

Во судските документи е навденио и дека борецот правел многу проблеми во градот пред приведувањето.

Роџерс во 2011 година беше обвинет за физички напад на неговата сопруга.

Последен пат се бореше во декември 2015 година. Кариерата ја започна со 10 последователни победи, вклучувајќи нокаути против поранешниот шампион на УФЦ, Андреј Арловски и Џејмс Томпсон. Првиот пораз го претрпе од Федор Емилијаненко во Страјкфорс, а се бореше и против Алистер Оверем, Џош Барнет и има ММА скор 20-10-1 НЦ.

https://youtu.be/J9AlGMhAkcY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО