Баду Џек се откажа од титулата на ВБЦ

Badou Jack vs Lucian Bute
Badou Jack vs Lucian Bute

Светскиот боксерски совет (ВБЦ) доби официјално известување од шампионот во супер средна категорија Баду Џек (20-1-3, 12 КО) дека се отакажува од титулата.

33-годишниот Швеѓанец одлуичи да ја зголеми тежината и да премине во полутешка категорија.

Џек ја објави одлуката пред борбата со Џејмс де Гејл за обединување на титулите минатиот викенд во Њујорк, затоа што има проблем со намалувањето на тежината на 76,2 килограми.

Задолжителен предизвикувач за титулата на ВБЦ е непоразениот Британец Калум Смит (22-0, 17 КО), а во борбата за испразнетата титула, најверојатно ќе се бори со поранешниот шампион Ентони Дирел (30-1-1, 24 КО).

Во последната борба Џек ремизираше со ИБФ шампионот Де Гејл со мнозинска одлуката на судиите. Иако на почетокот на борбата се најде во нокдаун, се врати и во 12 рунда многу потешко го урна Де Гејл кој се здоби со бројни повреди и многумина веруваат дека Џек требаше да победи.

Џек и неговиот промотор Флојд Мејведер целат на меч со ВБЦ шампионот во полутешка категорија, Адонис Стивенсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО