Браќата Кличко собраа 18,6 милиони долари за децата во светот!

brakata Klicko so zenite

Легендите на светскиот бокс Виталиј и Владимир Кличко заедно со своите нежни половини – Наталија Кличко и Хајден Пенетир, учествуваа во годинaшнaвa добротворна гала вечер „Срце за децата“, која се одржа во Берлин, Германија. Добротворниот фонд реализира проекти во целиот свет, а оваа година беше собрана рекордна сума во износ од 18,6 милиони долари.

„Децата – тоа е нашата иднина. Денес на многу деца во различни делови на светот им е потребна помош. И ние не можеме да стоиме настрана. Собраните средства за време на телемаратонот ќе го спасат или ќе го променат животот на илјадници деца низ целиот свет. Затоа јас и брат ми секоја година се вклучуваме во оваа иницијатива, која е засегната од големите социјални проблеми“, изјави поранешниот светски шампион и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко.

brakata klicko so zenite 2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО