Бени Османоски: Ова беше само лош ден за мене и не беше по моја желба!

Beni so pojas vo Frankfurt

Синоќа стружанецот Бени Османоски беше поарзен на „Микс гала фајт“ во Франкфурт-Германија од Самир ал Менсури од Мароко во К-1 со нокаут во третата рунда.

Османоски вели дека нема посериозни повреди и дека бессознанието било моментално. А за самата борба ќе рече дека не се одвивала според неговите желби и тоа била една од причините за поразот.

„Немав појма дека Мансури се бори со десен гард, а сите мои тренинзи беа со лев гард на противник. Потоа, неговите удари што ги добив по гениталиите беа многу силни, така што ме деконцентрираа и изгубив многу сигурност и концентрација. Немам никакви повреди јас сум борец и одам напред. Ова беше само лош ден за мене и не беше по моја желба“,изјави за Ipon.mk, Бени Османоски.

Тој вели дека му честитал на Самир и дека е можно повторно да се видат во рингот.

„Мојата следна борба е многу картко време и ќе бидам и појак и посилен отколку што бев. Од секој пораз ние борците учиме уште повеке“, порачува Бени.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО