Божиќен шопинг: Мек Грегор се почести со уште еден автомобил – „ролс ројс“

Conor-McGregor-pila

Покрај тоа што минатиот викенд ја освои престижната УФЦ титула, доаѓа и Божиќ, па Конор Мек Грегор одлучи да се почести со уште едно ново возило.

Мек Грегор има многу причини за славење овие денови. Минатиот викенд на настанот УФЦ 194 го собори рекордот за најбрз нокаут во борба за титула, кога за само 13 секунди со еден удар го запре поранешниот цар на перолесна категорија, Хозе Алдо Јуниор.

Ирец веќе некое време ужива во славата и парите кои не му се проблем. Скапи костуми и автомобили, сето тоа стана дел од секојдневниот живот. Иако тврди дека се бори за својот народ, шампионот се повеќе ужива во калифорниското сонце, како што беше потврдено во видеото на Инстаграм каде Мек Грегор „крусира”, во својота најнова пила. Се уште е непознато колку пари ќе чини новата играчка, но тоа тешко дека „Озлогласениот“ штедел, иако треба да се има во предвид дека Мек Грегор често изнајмува автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО