Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски е задоволен од настапот на Карате 1 Серија А лигата – Салзбург 2018 по двете седми места на Сара Радичевска и Симона Заборска, како и добриот настап на Петар Заборски.
„Задоволни сме од прикжаните борби и моменталната спортска форма на нашите спортисти. Како клуб сме многу активни и се трудиме да учествуваме на сите натпревари кои ги организира Светската карате федерација (ВКФ), бидејќи од искуство знаеме дека врвни спортисти се прават со учество на најсилни светски турнири. Иако сме оставени сами на себе во пресметката со професионално организираните системи и држави, сепак, успеваме да се носиме рамо до рамо со најсилните светски велесили и со нивните каратисти. Малите нијанси на моментална доминација која ја имаат светските велесили во карате спортот, во иднина ќе ги сведеме на минимум. Ние до сега во континуитет остваруваме најголени резултатски постигнувања.
Така и на овој голем турнир остваривме високи пласмани, Сара Радичевска и Симона Заборска покажаа дека поседуваат големи потенцијали и може да бидат сериозни кандидатки за Олимписките игри 2020 година во Токио. Исто така не радува податокот што сите наши спортисти имаат нагорна линија на својата спортска форма. Петар Заборски покажа дека може да победува и во сениорска конкуренција. Сите тие достојно го претставија македонското карате и на овој силен натпревар во Салзбург. Се надеваме и оптимисти сме дека во иднина ќе бидеме уште поуспешни. Следната недела сите спортисти ќе настапат и на Карате 1Премиер лигата во Ротердам, Холандија, од каде очекуваме исто така добри вести“, истакна Бошко Заборски.
На овој турнир земаа учество 1560 каратисти од 88 држави.
-55 кг – 115 натпреварувачи
Симона Заборска (Макпетрол) – Дона Блејк (В.Британија) 3-0
Симона Заборска (Макпетрол) – Тереза Сила (Португалија) 3-1
Симона Заборска (Макпетрол) – Аружан Мухтар (Казахстан) 4-1
Симона Заборска (Макпетрол) – Алесандра Хасани (Хрватска) 0-1
Репасаж
Симона Заборска (Макпетрол) – Гизем Бугур (Германија) 1-0
Симона Заборска (Макпетрол) – Илаха Гасимова (Азербејџан) 0-0
Моника Пендароска (Макпетрол) – Диана Зулуковска (Украина) 0-0
Моника Пендароска (Макпетрол) – Фумика Ишиаи (Јапонија) 0-3
-50 кг – 84
Сара Радичевска (Макпетрол) – Кармен Клемент (Унгарија) 1-0
Сара Радичевска (Макпетрол) – Лорен Крафворд (Англија) 2-0
Сара Радичевска (Макпетрол) – Миле Хјерилд (Данска) 1-0
Сара Радичевска (Макпетрол) – Чинацу Ендо (Јапонија) 0-2
Репасаж
Сара Радичевска (Макпетрол) – Никол Мурабито (Италија) 5-1
Сара Радичевска (Макпетрол) – Рочио Естепа Санчез (Шпанија) 0-3
-61 кг – 101
Наташа Стефановска (Макпетрол) – Невена Петровиќ (Србија) 3-0
Наташа Стефановска (Макпетрол) – Тјаса Ристиќ (Словенија) 5-5
-68 кг – 96
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ивана Бебек (Хрватска) 0-0
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Александра Будкина (Казахстан) 2-6
Моника Стефановска (Макпетрол) – Лина Пусник (Словенија) 2-1
Моника Стефановска (Макпетрол) – Алзахра Фатма Јилмаз (Египет)1-4
-75 кг – 168
Петар Заборски (Макпетрол) – Хекуран Сојева (Косово) 2-0
Петар Заборски (Макпетрол) – Филипе Брунер (Швајцарија) 3-1
Петар Заборски (Макпетрол) – Лубош Џачовски (Словачка) 0-0
Петар Заборски (Макпетрол) – Павел Кирјиевич (Белорусија) 0-1
Ipon.mk