Бошко Заборски – доктор на науки за кинезиологија! (ФОТО)

Бошко Заборски, тренерот на Карате клубот Макпетрол и селектор на универзтитетската карате репрезентација на Македонија, во средата на Факултетот за физичко образование спорт и здравје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје успешно ја одбрани докторската работа: „Следењето на тренажниот процес со мониторинг на срцевата фрекфенција и крвните лактати при користење на интервална метода на работа кај каратисти“.

Заборски се стекна со титулата доктор на науки во кинезиологија.

Докторатот е работен под менторство на проф. д-р Жарко Костовски.

Според зборовите на деканот на Факултетот за физичко образование спорт и здравје, Ленче Алексовска, ова е единствен ваков труд посветен на карате спортот. Од друга страна, ова е редок труд на карате мајстори од Македонија посветен на каратето.

Членовите на Комисијата за докторската работа на Заборски се произнесоа со најпозитивни ставови и му препорачаа да продолжи со истражувањето.

На одбраната на докторатот присуствуваа многу карате тренери, каратисти-репрезентативци кои учествуваа во практичните испитувања, претставници на соодветните спорстки институции, роднини и пријатели.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО