Дана Вајт: Само јас ги водам преговорите меѓу Мек Грегор и Мејвдер и никој друг!

Вчера се појави вест во која се вели дека управителите на ВМЕ-ИМГ почнаа да водат преговорите за бокс мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор, отфрлајќи го Дана Вајт од играта.

Сепак, се чини дека работите се посложени и не се точно така, откако денес Вајт изјави дека тој ја води парадата.

„Живееме во свет во кој не можеш да веруваш во се што ќе прочиташ. Кој друг може да ја склучи зделката меѓу Мејведер и Мек Грегор освен мене? Кој“?

Вајт побрза да ги отфрли ваквите гласини дека друг покренал иницијатива.

„Што знаат од ВМЕ за правење на големи борби? И претходно сум имал проблеми со лажни гласини пуштени од водечките медиуми. Верувај ми, јас раководам со договорот меѓу Мејведер и Мекгрегор. Јас и никој друг“.

Не знаеме точно која е вистината, но факт е дека ВМЕ-ИМГ не знаат многу за „организирање на големи битки“, ама знаат некој друг трик при склучувањето на мултимилионски зделки, благодарение на искуството при преговори за филмски и телевизиски улоги со повеќето од најголемите ѕвезди во Холивуд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО