Борјан Трајков и Александар Глушкин и први и најдобри борци на „Прњавор опен 2018“

Малдите кикбоксери на Фајт Тим од Скопје Борјан Трајков (-55 кг) и Александар Глушкин (-74 кг) ги освоија златните медали во кик лајт и е прогласен за најдобри борци во оваа дисциплина на Интернационалниот куп „Прњвор опен 2018“ во Босна и Херцеговина.

Тренерот Тони Стојаноски е задоволен од постигнатиот резултат на 15-годишниот Трајков.

„Иако е млад пред него престои светла иднина и постигнувања на високи спортски резултати. Како кик бокс клуб Фајт тим очекуваме во иднина од Агенцијата за млади и спорт, како и од КМФМ да ги земат во предвид неговите спортски резултати и да го наградат со стимулирање на спортска надеж“, велат од клубот и додаваат:

„ Следните подготовки и припреми на Кик бокс клуб Фајт Тим заедно со нашите спортисти е првенството во Ниш, кое е голем предизвик и потик за нас и нашите членови на чело со претседателот на клубот Тони Стојаноски“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО