Андреа Ли која во мај дебитираше за УФЦ против Вероника Мачедо и ја победи со судиска одлука е жртва на семејно насилство од страна на нејзиниот сопруг. Инцидентот се случил во нивниот дом во утринските часови на 5 август. Полицијата објави дека постои налог за апсење на 43-годишниот Арон, сопругот на Андреа.
Сигналот е пуштен од Енди Нгуен, која исто така е ММА борец. Таа и кажала на полицијата дека сопругот на Андреа се обидел да ја изгори со цигара, а потоа и ја удирал. Семејното насилство постоело со години, но сега работите станале неконтролирани.
Ли и сопругот и се познати на јавноста благодарение на нацистичките тетоважи на нејзиниот сопруг, а тоа предизвика бран на незадоволства, потоа и двајцата излегоа со изјави при што Арон објасни дека ги направил во затвор и дека одбива да ги избрише.
Арон е поранешен полицаец кој во 2005 година уби невооружен човек пред својот дом и е обвинет за убиство од небрежност. По издржувањето на дел од казната, тој е ослободен и работи како ММА тренер.
https://www.instagram.com/p/BjdX1uYjy5j/?utm_source=ig_embed
.