Фјури: Вајлдер не се борел со силни противници

Тајсон Фјури ги омаловажи успесите на светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, велејќи дека противниците на Американецот му биле слаби.

„Има 40 борби, но меѓу нив ниту една не е против сериозен противник. Ајде да и погледнеме на вистината во очи. Вајлдер може да продолжи на овој начин уште милион години“, рече Фјури.

Во сабота Фјури ќе се бори со Франческо Пијанета. Ова ќе биде втор натпревар по враќањето на британскиот боксер.

Со победа тој има гарантиран меч со Вајлдер, кој ќе се одржи во ноември или декември. Американецот ќе биде посебен телевизиски аналитичар на претстојниот судир.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО