Харитонов против Рој Нелсон

Белатор договори интересен тешкашки двобој за настанот во Конектикат, каде што ќе се одржи и полуфиналето на Гран – прито.

37-годишниот Сергеј Харитонов (27-6-1НЦ) на 12 октомври ќе се бори против пет годишни постариот Рој Нелсон (23-15).

Русинот, како и Нелсон, е 1-1 во Белотор.

Неговата последна победа против Антон Вјазигин во мај дополнително е поништена. Борбата е прекината на почетокот на втората рунда откако Харитонов доби удар со прстот во око и не можеше да продолжи и се одеше на техничка одлука.

Повредата не беше сериозна, бидејќи само шест дена подоцна го нокаутира Фредерик Синистр во кик бокс меч.

Нелсон последен пат се бореше во февруари и загуби со мнозинска одлука на судиите од Мет Митрион во четвртфиналето на Големата награда.

Митрион настапува во главната борба на настанот во Анкасвил. Во полуфиналето на тешкашкиот Гран-при се бори со шампионот на Белатор во полутешка категорија Рајан Бадер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО