Борец доживотно во затвор за брутално убиство на поранешната девојка

Британски ММА борец доби казна доживотен затвор и ќе мине најмалку 32 години во затвор, откако беше прогласен за виновен за убиство на неговата поранешна девојка.

Ендру Вандсворт бил под дејство на кокаин и алкохол, користејќи нож и го одзел животот на 32-годишната Мелиса Белшоу, а нејзината 13-годишна ќерка била сведок на дел од она што се случило. Судот го опиша 37-годишниот поранешен спортист како „агресивен и опасен“ криминалец. Самиот ММА-борец се обиде да ја ублажи казната велејќи му на судот дека „изгубил контрола“ откако Мелиса Белшоу даде признанија за неговиот личен живот кои го „понижија“.

„Како поранешен професионален ММА борец, вие многу добро знаевте што правите. Не покажавте каење за смртта на жената за која тврдите дека сте ја сакале“, му рече судијата на Вандсворт.

Како професионалец, ММА-борецот има 2 победи и 2 порази зад себе, а неговата последна борба беше во 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО