Повторената снимка покажува дека Топурија му откорнал заб на Волкановски со нокаутот (ВИДЕО)

Илија Топурија е нов „крал“ во УФЦ перо категорија, откако рано утрово го нокаутираше долгогодишниот владетел и бранител на појасите, Александар Волкановски.

Популарниот „Матадор“ покажа дека е во импресивна форма и жестоката комбинација на удари која ја зададе во втората рунда беше кобна за борецот со македонско потекло, па тука беше почеток на крајот на долгогодишната доминација.

„Александар Велики“ мораше да го признае поразот и да му подаде рака на ривалот, кој во досегашната ММА кариера изгледа навистина моќно и брутално, бидејќи има скор од 15:0.

Топурија беше пресамоуверен и во најавите и потенцираше дека со сигурност ќе го нокаутира Волкановски, кој на крајот ја заврши борбата со заб помалку.

Повторените снимки покажаа дека Топурија му откорнал и заб на Алекс за време на бруталната комбинација, што го прави изданието на новиот УФЦ шампион уште поимпресивно за шпанските фанови.

https://twitter.com/SuColegaaaRM/status/1759121906547011585?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1759121906547011585%7Ctwgr%5E76a976746afab4633716ad252427d5149510d883%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fpovtorenata-snimka-pokazhuva-topurija-mu-otkornal-zab-na-volkanovski-so-brutalniot-nokaut-video%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО