Борец во дебито во УФЦ го гризна прстот на противникот

Таџикистанскиот борец Нуруло Алиев (9-0) го победи Рафаел Алвеш со мнозинска одлука во своето деби во УФЦ.

Но, за време на првата рунда на настанот УФЦ Фајт најт 220 во Лас Вегас се случи инцидент во кој Алиев го гризна прстот на противникот.

Имено, за време на борбата на партер, Алвеш беше во долна позиција, и сакаше да се оттурне од главата на Алиев.

Еден од неговите прсти заврши во устата на Нуруло, кој најверојатно во тој момент го каснал. Алвеш му се пожали на судијата, а видеото беше прегледано.

Не можеше да се докаже дека Алиев го направил тоа, но судијата Марк Смит сепак реши да го казни со одземање бод.

Еден од најголемите таленти на ММА продолжи да доминира. Во втората рунда прикажа одлично борење, а во третата Алвеш стави се на линија.

Во тоа не успеа, а судиите со мнозинска одлука му ја доделија победата на Таџикистанецот.

Инаку борбата на Алиев во Таџикистан се следеше на стадион.

А настанот требаше да го предводи борбата меѓу Никита Крилов и Рајан Спан, но Украинецот имаше труење со храна и го откажа настапот.

Во главната борба Брендон Ален го победи Андре Муниз со гушење на крајот од третата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON