Јарослав Амосов во одличен меч го победи Логан Сторли и го одбрани шампионскиот појас на Белатор

Украинецот Јарослав Амосов ја продолжи победничката серија. Во главната борба на настанот Белатор 291, кој се одржа во Даблин, Амосов со едногласна одлука го победи американскиот борец Логан Сторли, тоа беше негов 27 триумф во кариерата и осми во Белатор.

Со таа победа големиот украински борец го одбрани шампионскиот појас во полусредна категорија. Двајцата се бореа во ноември 2020 година кога Јарослав ја доби борбата со поделена одлука.

Амосов веднаш го наметна својот стил, а Сторли речиси и не се обиде да се бори во првата рунда. Украинецот удираше од далечина, а боксерските удари ги комбинираше со лоукикови.

Слично беше и во продолжението. Јарослав се движеше брилијантно и му создаде проблеми на Сторли, кој тешко го наоѓаше вистинското решение.

Во средината на третата рунда, Украинецот малку го стресе Сторли со лево кроше, а подоцна стигна до нокдаун. Амасов продолжи да доминира.

Американецот неуспешно се обиде да му возврати на Јарослав кој беше добро подготвен.

Амасов оствари нов нокдаун во четвртата рунда, откако со лоу кик извонредно го погоди Сторли.

Само во последната петта рунда Логан се обиде да се бори и имаше неколку добри обиди за соборување, но Јарослав успешно се одбрани.

Во конасловната борба Џереми Кенеди го победи Педро Карваљо со едногласна одлука, додека локалниот претставник Шинејд Кавана го совлада Џанај Хардинг.

Питер Квели ја загуби третата борба по ред, подобар од него беше Брајс Логан, кој славеше со прекин во втората рунда.

Резултати од Белатор 291:

Јарослав Амосов – Логан Сторли – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–45)
Џереми Кенеди – Педро Карваљо – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Брајс Логан – Питер Квеали – ТКО (лакт и удари), Р2 (2:31)
Шинејд Кавана – Џенај Хардинг – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Кјаран Кларк – Леонардос Синис – едногласна одлука (30–26, 30–26, 30–26)

Воведни борби:
Карл Мур – Мачеј Рожански – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Мајк Шипман – Чарли Вард – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Олег Попов – Ѓокан Саричам – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Норберт Новени Јуниор – Енди Манцоло – ТКО (удар), Р1 (3:12)
Брајан Мур – Лука Ајовин – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Ричи Смулен – Пјотр Ниџиелски – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Дараг Кели – Дорвал Џордан – ТКО (тупаници), Р3 (1:58)
Асаел Адјудј – Лиам Мекрекен – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Касан Магомедшарипов – Рафаел Хадсон – ТКО (удари), Р1 (4:40)
Јена Бишоп – Елина Калиониду – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Кени Мохонона – Крег Мекинтош – ТКО (лакти и удари), Р1 (3:13)
Дмитриј Хриценко – Даниеле Скацици – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Стивен Хил – Жоел Куаџа – завршница (гушење од позади), Р2 (2:03).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО