Брендан Ален го задуши Андре Муниз во последните секунди од борбата

Во арената Лас Вегас се одржа УФЦ Фајт најт 220, а во главната борба на вечерта се судрија борците во средна категорија – Бразилецот Андре Муниз и Американецот Брендон Ален. Ален со гушење во третата рунда го победи Бразилецот.

За Бразилецот тоа беше прв пораз во УФЦ. Пред тоа извојува пет победи по ред во врвната светска промоција. Американецот ја доби петтата последователна победа.

Главниот настан на вечерта требаше да биде борбата меѓу борците во полутешка категорија, Украинецот Никита Крилов требаше да се спротивстави на Американецот Рајан Спан. Борбата беше откажана неколку часа пред почетокот поради тоа што Крилов има тровање со храна.

Резултати – УФЦ Фајт најт 220:
Основна карта
Никита Крилов – Рајан Спан откажана, здравствени причини
Брендон Ален – Андре Муниз со гушење од позади – (Р3, 4:25)
Аугусто Сакаи – Дон Теил Мејс со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27).
Татјана Суарез – Монтана Де Ла Роса со завршница (гилотина) – (Р2, 2:51).
Мајк Малот – Јохан Лајнс со гушење од рачен триаголник – (Р1, 4:15)

Прелиминарни
Тревор Пик – Ерик Гонзалес со КО (Р1, 4:59).
Јасмин Јасудавиус – Габриела Фернандез со едногласна одлука (30-26, 30-26, 30-26).
Џордан Левит – Виктор Мартинез со ТКО (Р1, 2:27)
Оде Озборн – Чарлс Џонсон со поделена одлука (29-28, 28-29, 29-28).
Џо Солецки – Карл Дитон со гушење од позади (Р2, 4:55)
Нуруло Алиев – Рафаел Алвеш со мнозинска одлука (29-27, 29-27, 28-28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО