Томи Фјури во неизвесен меч го победи Џејк Пол, Баду Џек стана нов шампион на ВБЦ (ВИДЕО)

Непоризираниот Томи Фјури (9-0) го победи јутјуберот Џејк Пол (6-1) со поделена одлука на боксерскиот настан во Диријах арена во Саудиска Арабија.

Пол претпазливо влезе во мечот свесен дека првпат се бори со професионален боксер. Фјури со разни комбинации го погоди јутјуберот, кој најмногу бараше клинч.

Тактиката продолжи и во втората рунда со тоа што Џејк се обидуваше да му се закани на Томи со удари од телото. Фјури возврати со комбинации, кои не му наштетија на Пол.

Во сличен ритам поминаа и следните три рунди, каде никој не сакаше да ризикува премногу. По неколку удари борците завршија во клинч.

Ништо не се смени ниту во шестата рунда, па судијата побара од двајцата конечно да почнат да се борат.

По шестата рунда резултатот беше изедначен.

По лошата седма рунда, конечно последната рунда понуди вистинска акција.

На почетокот Пол со одличен удар го погоди Фјури, кој колабираше, па судијата му броеше. Томи даде до знаење дека само се лизнал.

Во продолжение двајцата си разменија одлични удари и барем за момент ја вжештија атмосферата во Диријах арена.

На крајот победи Томи Фјури со поделена одлука (74-75, 76-73, 76-73), со што му го нанесе првиот пораз на Џејк Пол.

За оваа борба на славниот Јутјубер му се гарантирани 3,2 милиони долари, а над таа сума ќе добие уште 65 отсто од продадените ППГ емитувања. Се проценува дека би можел да заработи повеќе од 8,5 милиони долари.

А Томи Фјури со оваа борба секако го доби најголемиот хонорар во кариерата. Нему му се гарантираат два милиони долари заработка, а ќе добие и 35 отсто од продажбата на ППГ. Борбата против Пол може да му заработи најмалку 4,5 милиони долари.

Во конасловната борба Баду Џек (28-3-3) со прекин во 12 рунда го совлада Илунга Макабу (29-3) и му го одзеде појасот на ВБЦ во крузер категорија.

Проблемите за поранешниот шампион почнаа порано во рундата кога се најде во нокдаун.

Некако преживеа 11 рунди, но во последната не можеше да го издржи одличниот напад на Баду. Бидејќи веќе не можеше добро да се брани, судијата го прекина мечот.

Тоа беше шеста победа во низа за Швеѓанецот!

На настанот присуствуваа многу познати личности, па покрај рингот беа присутни и фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој неодамна потпиша за Ал Наср, боксерската легенда Мајк Тајсон и Џозеф Паркер, Дерек Чисора, Девин Хејни и Дионтеј Вајлдер кој во пресрет на настанот средечно се поздрави со лутиот противник Тајсон Фјури.

Во февруари 2020 година Бронзениот бомбардер го загуби појасот на ВБЦ во тешка категорија против Кралот на Ромите со прекин во седмата рунда. Фјури повторно беше подобар во реваншот година и пол подоцна и го победи Вајлдер со нокаут во 11 рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО