Алими славеше во финалето на „Омладинска златна ракавица“, сребро за Арсовски

Мердијан Алими извојува победа на Марк Шепич од Словенија во финалната борба на Меѓународниот турнир „Омладинска златна ракавица“ во Бања Лука, а Петар Аросвски загуби од домашниот боксер Лука Михаиловиќ.

На овогодинашната Златна ракавица во Бања Лука, Босна и Херцеговина, учествуваат Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Австрија,Босна и Херцеговина и Кипар.

Резултати:

-57 кг Петар Арсовски – Лука Михаиловиќ (БиХ) 0-3

-52 кг Мердијан Алими – Марк Шепич (Словенија) 3-0

-46 кг Бајрам Мамутовски – Гаши Северџан (Србија) без борба, WO за Северџан

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО