Борците од ПФЛ-Белатор ММА се соочија (ВИДЕО)

Шампионите на ПФЛ и Белатор ММА се судрија пред претстојната гала вечер во Ријад. Настанот ќе се одржи на 24 февруари годинава.

Четири од најавените борби ќе бидат меѓу шампиони од двете организации. Во главната борба Ренан Фереира ќе се соочи со Рајан Бадер во тешка категорија. Во коглавната битка Импа Касанганаи ќе ги одмери силите со Џони Еблен. Хезус Пинедо ќе се бори со Патрицио Фреир во бантам категорија, а Реј Купер Трети ќе се бори со Џејсон Џексон во полусредна категорија.

Ќе видиме уште една борба во полутешка категорија меѓу поранешните борци на УФЦ Тијаго Сантос и Јоел Ромеро. Белатор ММА беше купен од ПФЛ минатиот ноември. Очигледно шефовите на ПФЛ сакаат да ги импресионираат Арапите кои минатата година инвестираа во нив. Неодамна се одржа прес-конференција на која борците застанаа лице в лице.

Еве како изгледа мапата за настанот, како и видео од прес-конференцијата:

Главна карта:
Ренан Фереира – Рајан Бадер
Импа Касангај – Џони Еблен
Хезус Пинедо – Патрицио Питбул
Реј Купер III – Џејсон Џексон
Бруно Капелоца – Вадим Немков
Тијаго Сантос – Јоел Ромеро
Клеј Колард – А.Ј. Меки

Прелиминарни:
Арон Пико – Габриел Алвеш Брага
Бјаџо Али Волш – Емануел Паласио
Клареса Шилдс – Келси де Сантис
Абдула ал Кахтани – Едукондала Рао
Малик Басахел – Винисиус Переира

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО