Борче Костовски едногласно реизбран за претседател на Македонската таеквондо федерација

Борче Костовски едногласно е резибран за претседател на Македонската таеквондо федерација (МТФ) на Изборното собрание што се одржа вч во Скопје. На Собранието присустваа 12 делагати од вкупно 16, соопштија од МТФ.

Косотовски беше единствениот канидат за пртеседател на МТФ.

Делегатите го рагзледаа и 4- годишниот извештај за работата на МТФ, при што претседателот Борче Костовски детално се произнесе за успесите на македонското таеквондо за време на неговиот мандат. Тој и се заблагодари на сите тренери, спортисти, судии, делегати за целосната поддршка и соработка,  истакнувајќи  дека заеднички стигнале до тоа овој олимписки спорт да биде еден од најпрепознатливите во државата.

Косотвски, кој воедно е и селектор на репрезентацијата, во 4-годишниот мандат постигнато врвни резултати: ,златен сениорски медал на Европското првенство во олимписки категории, две бронзи на ЕП во У-21, бронзен медал на Светско јуниорско првенство и сребрен на Медитерански игри во Тарагона, Шпанија.

Главна цел во наредниот мандат на Костовски е освојување на олимписка норма за Олимпијадата во Токио 2020 година и успеси на големите меѓународни натпреварувања, како европски и светски првенства.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО