Новиот датум за борбата меѓу боксерите е 15 ноември, а домаќинот останува ист, односно Арлингтон.
„Нашиот тим работеше неуморно со сите вклучени страни за да ја презакаже оваа монументална борба на датум што ќе обезбеди Џејк Пол и Мајк Тајсон да бидат целосно фит, со еднакво време за тренирање и способност да ја одржат АТ&Т Арената во полн замав на сезоната за Каубојс“, изјави Накиша Бидаријан, коосновач на МВП, цитиран од светските агенции.
Тајсон имаше итна медицинска интервенција, а многумина сметаа дека битката дефинитивно ќе биде откажана, меѓутоа истиот сепак беше одложен за друг датум.