Борачот Расул Шапиев е најдобар спортист на Кочани за 2023 година

Борачот на Спартак Расул Шапиев е „Најдобар спортист“ на Кочани за 2023 година.

Шашиев беше прв на Државно и на Изборното првенство во Македонија во категорија сениори, едно прво и едно трето место на меѓународните турнири Македонски бисер и Јашар Догу во Турција, 11 место на Европското превенство и 13 место на СП. Член е на репрезентацијата на Македонија за 2023 година.

На второто место се најде Наталија Карова (Карате клуб Кочани), трет е Мартин Андонов (КГС Кочани), а четврти Илија Охомуш (Карате клуб Кочани).

Признанието „Најдобар тренер“ му припадна на Игорчо Каров (Карате клуб Кочани), а ПСК „Осогово“ го доби признанието „Најдобар клуб“. За најуспешен спортски работник е прогласен Александар Андов.

За Спортска личност на годината е избран Лазар Захариев кој настапува во „пауерлифтинг бенч прес“ дисциплината и се има закитено со 17 највисоки одликувања. Има освоено први места на Светско првенство во Египет, на европските првенства во Србија, Црна Гора и Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО