Борачките на 7 Мај Тигар и Безбедност освоија два златни и по еден сребрен и бронзен медал на големиот Меѓународен турнир „Центрум мундо 2018“ во Лудбрег, Хрватскa.
Златните медали ги освоија Марија Спирковска од ПКБС 7 Мај Тигар и Емилија Илијевска од ПБК Безбедност), додека Бојана Лазаревска и Олгица Коцева од ПБК Безбедност се закитија сребрен, односно бронзен медал.
На турнирот учествуваа околу 440 натпреварувачи во грчко-римски стил и женско борење од 15 држави.
„Навистина убав успех, Бојана за малку киксна во финалето против Унгарка, бидејќи цело време водеше, но прикажа одлична борба која беше неизвесна до самиот крај“, вели тренерот Страшо Глигоров кој со Душко Јовановиќ ги предводеа нашите борачки на овој турнир.
Ipon.mk