Борачките на Вардар Спирковска и Неделковска на капм во Ваљево (ФОТО)

Борачките на БК Вардар, Марија Спирковска и Марија Неделковска се на седумдневnnи подготовки во Ваљево, Србија.

Со кампот раководи тренерот од Бугарија Нетков, а му помагаат тренери од Хрватска и Србија.

На овој камп учествуваат 32 борачки од Србија, Хрватска и Македонија.

Спирковска и Неделковска биле пример во кампот, а тренерите се со пофални зборови и за двете борачки.

„Разговарав со тренерите кои го водат кампот и ми рекоа дека се одушевени како работат и нивна сугестија е да продолжиме да инвестираме во нив“, напиша на Фејсбук Чедо Николовски од Вардар.

Спирковска добила покана да учествува и на кампот кај Умаг во Хрватска, а од клубот прават напори ако може и двете борачки да го посетат и овој камп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО