Утре Меморијален бокс турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

Утре во Куманово се одржува првиот Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ на кој ќе учествуваат боксери од Македонија, Србија и Косово. Турнирот ќе се одржи во спортскиот комплекс „Соколана“.

На програмата се 20 борби од кои една ќе биде за државен првак Македонија, додека дугите три нема да се одржат поради разни причини.

Мирслав Петровиќ, кој почина во 2017 година, е заслужен за многу боксерски шампиони и олимпијци до поранешна Југославија и Македонија. Во Куманово доаѓа во 1972 година откако разбрал дека во овој град има феноменални боксери.

„Пред бардот на југословенскиот бокс, многумина боксери, меѓу кои и Мате Парлов, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, стоеја мирно. Легендарниот тренер Мирослав Петровиќ, е заслужен за многуте олимписки, европски и светски медали на многу врвни боксери. Олимписко Куманово имаше чест тој да биде еден од главните тренери на БК Куманово“, пишува на страницата Кумановски бокс по повод собирот на светскиот и олмиписките шампиони од регионот во Куманово во 2016 година.

Петровиќ од Боксерска федерација на Македонија е прогласен за боксерски тренер на векот, а Европска боксерска федерација во 2000 година му додели титула за најдобар европски тренер.

Во кариерата долга над 40-години, која беше плодна и успешна, ги има тренирано боксерските легенди на бивша Југославија – Мате Парлов, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски и има освоено бројни светски и олимписки медали. Тој беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација и македонскиот тим.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО