Македонската репрезентација во борење е во спортскиот центар Тетевен во Бугарија на подготовки со неколку други репрезентации за Европското првенство за сениори што ќе се одржи во Нови Сад-Србија, од 2 до 7 мај.
Во Бугарија се подготвуваат Владимир Егоров, Могамедгаџи Нуров, Елмедин Сејфулаху и Бобан Савев, како и спаринг партнерите Рамадан Мустафовски и Михаил Николов под водство на тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези. Тие се придружувани од претседателот и заменик претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и Дејан Богданов, како и спортскиот директор Страшо Глигоров.
Покрај нашата репрезентација во Тетевен уште се подготвуваат:Бугарија, Шпанија, Алжир, Албанија, Косово, Франција, Грција и Венецуела.
Ipon.mk/В.Д.