Александар Волкановски против Хирота на УФЦ Фајт најт

Македонецот Алексдандар – Д’Грејт Волкановски (14-1) на 11 јуни на УФЦ Фајт најт со Јапонецот Мизуто Хирота (18-7-2) во Оукленд ќе ја има втората борба во најреномираната организација.  

Да потсетиме дела Волкановски извојува историска победа со прекин на УФЦ Фајт најт 101 во Мелбурн, Австралија, против Јусуке Касуја од Јапонија.

Со таа победа потврди дека може да биде големата нова надеж на Австралија во ММА со победата над Јусуке Касуја. Тој на Јапонецот му ги заби нозете и го заврши со удари на подот.

Инаку Волкановски кој попотекло е од Битола живее во Австралија и таму настапува. Тој го постигна најголемиот успех на еден Македонец во ММА и тоа во најреномираната и најголемата организација – УФЦ.

https://youtu.be/s6-2LbWHgzE

.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО