Борачите на Олимпија ќе освојуваат златни медали и покрај препреките

Од БК Олимпија велат дека нивните натпреварувачи ќе продолжат да освојуваат златни медали, и покрај, како што велат  тие, притисоците на водечките луѓе во Федерацијата и некои клубови да не учествуваат, како во Македонија, така и на меѓународни турнири (причината само тие ја знаат).

„Ние сме посилни, напред Олимпија“, истакнуваат од клубот.

Поради нарушените односи со Федерацијата и суспензијата што ја имаше клубот, борачите на Олимпија не се натпреваруваат на домашните натпреварување, а неодамна имало интервенции да не учествуваат на турнири во Косово.

Олимпија во своите редови ја има најталентираната борача Андреа Нисева, која не знае за пораз. А многу други држви и нудат настап за нивните репрезентации.

Одговорните за борењето треба малку да размислат, оти немаме многу таленти што можат да направат некој поголем успех на меѓународната сцена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON