АктуелноБорењеДомашна сцена
Борачите на Балканец вечерва ги добија ветените парични награди (ФОТО)
Раководството на БК Балканец вчерва ги додели ветените награди на борачите кои освоија први места на изборното пионерско, кадетско, младинско и сениори под 23години како и на меѓународни натпревари.
Сите првопласирани борачи добија дополнителна спортска опрема за мотив да постигнуват уште поголеми резултати. Да потсетиме дека и борачите кои освоија од прво до трето место на државното изборно првенство за сениори ги добија ветените парични награди.
Од клубот велат ветено-сторено!
Инаку, за првите места во своите категории борачите на Балканец добија по 15 илјади денари, за вторите 6 илјади и за третите 3 илјади денари. Кадетите кои освоија први места се наградени со спортска опрема.
Ipon.mk






