Борачите на Балканец се незадоволни и бараат смена на раководството! Овој став беше донсен вечерва на сосатнокот на борачите на Балканец.
За состанокот, изјава ни даде тренерот Виктор Богданов.
„Борачите на Балканец се незадоволни од работата на Управниот одбор. Бараат негова смена. Вечерва беа речиси сите борачи, освен оние кои се наоѓаат во Лас Вегас на Светското првенство.Борачите не сакаат да тренираат, се додека е ова раководство, со чесни исклучоци. Јас како тренер ќе ги почитувам одлуките на борачите. Тренинг ќе има, но само -фудбал. Борачите се незадоволни од својот статус во клубот, но и ФБСМ и од АСМ“- вели Виктор Богданов.
Незадолството кај борачите кулминираше откако стигна информацијата деке Дејан Богданов не учествува на СП во Лас Вегас и по информацијата за наградување и стимулирање на борачите.
На состанокот не присуствувале членови на УО.
Дали борачите ќе имаат храброст своите ставови да ги изнесат и пред УО на клубот, времето ќе покаже. Борачите најавија и средба кај градоначалникот…
ipon.mk/К. М.