Синоќа во Радовиш се одржа традиционалната средба на борачите ветерани.
На средбата присуствуваше и најдобриоот борач и спортист на сите времиња во Македонија, Шабан Трстена, па екс-претседателот на СБСМ, Ванчо Чифлиганец, пратеникот и боречки работник Трајче Димков, Насе Насев , екс-селектор и многу други . Односно, на средбата беа присутни околу 70 ветерани, меѓу нив и претседателот на Здружението борачи- ветерани, Томе Коцев.
На олимпијците им беа врачени признанија, како и на „златната генерација“ на Бучим , која стана европски и светски шампион.
На средбата се разменеија мислења – како да се подобри состојбата на борењето во Македонија.
Единствена беше оценката- традиционалниот и најтрофеен спорт во Македонија, борењето, треба да се поддржи од сите градоначалници и од институциите во државата.
Сите тие треба да обезбедат адекватни услови за работа, пред се, стручни кадри, како и стимулации за најдобрите борачи.