Рико Верховен го прифати предизвикот на Реми Боњаски по што „Летечкиот џентламен“ почна помалку да ја менува и прилагодува приказната.
Во одговор на прифатениот предизвик, еден од најдобрите К-1 борци на сите времиња рече дека му треба повеќе време да се подготви за борба и дека не може да биде подготвен до мај, кога, според првичните инфорамции, би можело борбата да се случи, туку би бил подготвен кон крајот на годината.
„Не сум сигурен дали може да дојде до бората, бидејќи моментално имам многу проекти на кои работам и не можам да ги оставам“.
„Сигурен сум дека можам да го добијам, но мислам, дали е нужно да го претепам? Сигурно дека може да победам, но како што реков моментално имам многу проекти кои не можаме да ги прекинам. Ако работите нешто, тогаш тоа треба да направите како што треба. Не ништо против борбата со Рико, но не сакам да бидам половично подготвен. За таква борба треба добро да се подготвам“, рече во интервјуто за PowNed.
41-годишниот Холанѓанец последен пат бореше во март 2014 година во Загреб, кога во реваншот со мнозинска одлука на судиите го победи Кро Кап.