Пинк Пантер се засили со првиот странец – Марко Доциќ

marko docik

Боксерскиот клуб Пин Пантер се засили со првиот странец пред почетокот на Регионалната лига и првата средба со Војводина во Штип на 4 март, тоа е Марко Доциќ (18 години) од екипата на Југобоксинг од Лесковац, Србија.

Доциќ (-91 кг) ќе настапува во тешка категорија и ќе му биде резерва на капитенот Димитар Ташков, бидејќи во текот на лигата се можни и повреди.

ilija-mladenovski-dava-intervju

„Благодарност за изразената помош на БК Југобоксинг од Лесковац и првиот човек на тимот Братислав Пешиќ. Со секојдневното докомплетирање на екипата и со ваков тим на боксери и боксерски работници околу себе, како претседател на клубот, можам да кажам само едно, се гледаме на врвот“, напиша Илија Младеновски на својот Фејсбук профил!

Од неговиот клуб Југобоксинг велат дека настапот во новоформираната Регионална бокс лига во која учествуваат екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија е одлична шанса за младиот Марко (18 години), за да се стекне со потребното искуство кое позитивно ќе влијае во понатамошната кариера.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО