Бомба од УФЦ! Вајт ги потврди спектакуларните гласини: Ги договараме Сент Пјер-Нејт Дијаз – во лесна категорија!

Дана Вајт гостуваше во најновата епизода на УФЦ нефилтрирано и таму откри неколку сензационални вести. Претседателот на УФЦ во разговорот со Џим Нортон и Мет Сер потврди неколку гласини кои од неодамна кружат по боречки портали и форуми.

Најзвучна од нив дефинитивно е оноа по која на УФЦ 227 би требало да се сретнат Нејт Дијаз и Жорж Сент Пјер.

„Всушност, работиме на организацијата на борбата меѓу Жорж Сент Пјер и Нејт Дијаз“, распали Вајт и во продолжение додаде:

„Тоа е вистина и ќе би се бореле во лесна категорија“.

Тоа, исто така, би значело да се ЖСП од неговите последни настап и освојувањето на појасот во средина категорија, би се симнал дури за две категории. Се разбира, ова е вест што може веднаш да се поврзе со уште поголем и попрофитабилни мечеви кои потоа би можело да се отворат, како оние во кои победникот еден ден би можел да заврши во октагонот со Хабиб Нурмагомедов или Конор Мек Грегор …

Двбојот на помладиот од популарните браќа од Стоктон и еден од најдобрите борци во историјата на ММА не беше единствениот голем дуел за кој Вајт призна дека се во плановите на водечката ММА промоција.

„Видов и гласина за тоа дека се обидуваме да го договориме мечот Александар Густафсон и Лук Рокхолд. Тоа е вистина, но тоа нема да биде за привремен појас, тој вториот дел е погрешен“.

Таа борба би се одржала во полутешка категорија, и онака тоа е категорија во која поранешниот шампион од средна веќе некое време сака да се префрли.

На прашањето кога сето тоа би се случило, Вајт откри дека во неговата идеално сценарио, место на спектакуларните битки е во Лос Анџелес, односно УФЦ 227 кој ќе се одржи таму на 4 август, а според претходните најави треба да го предводи реваншот меѓу J.J. Дилашоу и Коди Гарбранд.

„Целам на Л.А. Во мојот совршен свет, ако се оди според планот, а знаеме дека речиси ништо не оди така совршено – Дилашоу -. Гарбранд, ЖСП – Дијаз коглавен настан, Густафсон – Рокхолд и Барнсон – Антонио Карлос Јуниор“, заклучи претседателот на УФЦ.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON