Боксот го губи олимпискиот статус уште во Токио 2020?

Боксот може да биде исфрлен од следните Олимписки игри во Токио во 2020 година доколку Меѓународниот олимписки комитет (МОК) не добие задоволително решение за финансиските и управувачките проблеми во Светската аматерска боксерска федерација (АИБА), предупреди претседателот на МОК Томас Бах.

Зборувајќи во Пјонгчанг на една недел пред стартот на Зимската олимпијада, Бах призна дека е „екстремно загрижен“ околу проблемите на АИБА.

„МОК го заддржува правото да не дозволи боксот да биде вклучен на Младинската олимпијада во 2018 во Арегнтина и во Токио во 2020. Ќе ги замрзнеме сите односи со АИБА. Не сме задоволни со нивниот извештај и ќе спроведеме наша анализа“, вели Бах.

Во АИБА се води лута битка за контрола на овој спорт, откако поранешниот претседател Ву беше суспендиран во ноември по несогласувањата со извршниот комитет. АИБА го именуваше Узбекистанецот Гафур Рахимов како преоден претседател минатата недела, откако поднесе оставка Франко Фалчинели. Но и Рахимов е под истрага и е на црнета листа на САД за финансиски малверзации.  МОЦ во 2004 година заддржа над еден милион долари од ТВ-правата за АИБА по судскиот скандал на Олимпијадата во Атина таа година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО