Боксерски тренер спаси давеник во Каспиското Море

Селекторот на руската женска боксерска репрезентација Алберт Муталибов за време на тренинг забележал маж во Каспиското Море кој не може да се носи со струјата. Мажот бил турнат на карпесто место и не можел сам да излезе.

Муталибов, ризикувајќи си го животот, се фрла во вода. Тренерот успеал да го спаси давеникот кој бил облеан во крв и гребаници, а имал и напади. Самиот Муталибов се извлече со модринки и повреда на главата.

Ова го објави генералниот секретар на Руската боксерска федерација (ФБР) Татјана Кириенко насвојот  профил на Телеграм.

„Отсекогаш сум велела дека боксерите се бранители, а Алберт Шукурович без сомнение стана вистински херој! Сигурна сум дека не можеше поинаку.

Ние сме му бескрајно благодарни за овој непроценлив чин и сме бескрајно горди што имаме толку храбри и доверливи луѓе во нашите редови. Ти благодарам, Алберт Шукурович“, напиша Кириенко!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО