Боксерската федерација и подели опрема на клубовите (ФОТО)

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) во саботата во рамките на 4.коло на Првата и Младинската лига во Велес го подели првиот контингент од ветената опрема – маички и гакички.

Опремата е со логооата БФМ, Агенцијата за млади и спорт и знамето на Република Македонија, а на грбот е оставен прстор да бидат напишани имињата на клубовите.

„Опрема добија сите клбови во зависност од пријавените боксери. Ова е првиот дел од опремата што го вети БФМ на клубовите, а во вториот ќе добијат ракавици, штитници за заби, суспензори и другата опрема што и е потребна на клубовите и боксерите. За „Златниот гонг“ репрезентација ќе добие нови тренерки“, изјави потпретседателот на БФМ, Благој Донев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО